еМагазин
Image default
Бизнис

Голем пораст на извозот на заштитна опрема: Македонски маски во Германија, Катар, Холандија…

Да се гордееме со домашните текстилни компании. Брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет!, напиша министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

„Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем во април споредено со април минатата година. Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот“, наведува таа во објавата.

Таа додава дека најмногу заштитна опрема според вредност сме извезле во Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

Оценува дека брзата адаптација е клучот за успехот.

„Се шијат и извезуваат:маски, скафандери, заштитни одела, па дури и торбички и футроли за маски. За 300 отсто е зголемен извозот на „други текстилни производи“: април 2020 – 390 милиони денари, април 2019 – 135 милиони денари“, наведува министерката и додава дека тоа е пример за сите и дека најбргу ќе ја пребродат кризата, оние кои најбрзо ќе се адаптираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот удри по трговијата: Пад на македонскиот извоз

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се губи половина од водата, кубик за пиење во Боговиње 7,5, а во Кочани 49 денари

Редакција

Тендер „тежок“ 15 милиони евра: Кои се деветте компании кои ќе ги поправаат државните патишта?

Редакција

Скопски Бетон лани работел со загуба

Редакција