еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега нема скратување на полицискиот час

Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на полицискиот час, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мерките и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Полицискиот час беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на вирусот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има полициски час, најдобро се спроведува контролата.

Значи во овој момент не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува, рече Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителски објекти, теретаните, базените, предлага Комисијата за заразни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Лиле Стефанова, која е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство

Редакција

(Фото) Три деца во радовишко живеат во многу тешки услови, да помогнеме

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, дополнително пријавено едно лице

Редакција