еМагазин
Image default
Македонија

На лидерската средба не се разговарало по прашањето дали ќе има продолжување на вонредната состојба

Не би сакал продолжувањето на вонредната состојба да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Денеска не добив одговор дали истата ќе продолжи, но очекувам јавноста деновиве ќе добие јасен одговор, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на лидерската средба.

„Поставив такво прашање, не добив одговор, претпоставувам дека деновиве јавноста ќе добие одговор дали ќе имаме или ќе немаме продолжување на вонредната состојба, но ќе се потсетам кога се распушти Парламентот, 60 дена пред 12 април кога требаше да одржат предвремените парламентарни избори ние немавме вонредна состојба што значи 60 дена техничката влада функционираше без вонредна состојба без овие уредби и имаше основна цел да ги подготви изборите и истите да ги спроведе“, рече Мицкоски во одговор на прашањето дали вонредната состојба ќе продолжи.

Тој појасни дека не би сакал продолжувањето на вонредната да се поврзува со уредби или некој вид други гимнастики. Првиот пат, како што дополни, беше поради две причини, првата одложување на изборите и втората носење на уредби со сила на закон за да му се помогне на стопанството, додавајќи дека никој во тој момент не побарал вонредна поради други причини.

„Ова беа двата столба, врз основа на кои донесовме одлука тогаш, а вториот пат не бев повикан и не можам да дадам одговор, а сега како што гледаме изборите се одложени, а се донесоа богами и те како уредби со сила на закон, мал број имаше поврзани со поддршка за економијата, но имавме пиши бриши од страна на владата и се надевам дека сега ќе имаме посериозен и позрел однос од страна на ресорните министри“, рече Мицкоски.

МИА/Фото: Кабинет на претседател

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори 22 дена по крајот на вонредната состојба, но енигма е колку таа ќе трае

Партиските лидери не договорија датум за изборите, нова средба следната недела

(ВИДЕО) На партиските лидери пред да влезат кај Пендаровски им мереа температура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуда од ЗНМ за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан

Редакција

Кривична за поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска

Редакција

Владата ги прифати договорите за признавање на дипломите на докторите, стоматолозите и архитектите од Западен Балкан

Редакција