еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Куманово и Прилеп повеќе заболени од коронавирусот на 100 илјади жители, отколку во Дебар

Според моменталните податоци најмногу заразени лица со корона вирусот во Македонија на 100 илјади жители (кумулативна инциденца) има во Куманово, Прилеп, Дебар и Велес.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 287,3 заболени на 100.000 жители, Прилеп (193,0/100.000), Дебар (183,8/100.000) и Велес (164,5/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Струга, Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Пехчево“, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Податоците на ИЈЗ од претходните денови покажуваат дека кумулативната инциденца во Куманово и Прилеп расте, а во Дебар, кој извесен период беше и во карантин, стагнира, а и со денови таму нема регистрирани нови случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

7 лица хоспитализирани, 10 имале контакт со потврден случај, детали за новозаразените со коронавирусот

Убава вест: Уште само 23 здравствени работници во Македонија се заболени со коронавирусот

Еве како изгледа ситуацијата по градови:

Фото: Оптина Куманово/мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Велес и Куманово најмногу активни случаи на заразени со корона вирусот

Редакција

Нови 127 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ, рече Заев на Самитот на Берлински процес

Редакција