еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопјанката која почина од коронавирусот имала претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информираа дека во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 79-годишна возраст, хоспитализирана како сомнителна на корона вирусот на 13 мај, а која завчера била потврдена позитивна на вирусот.

Детали за новопочинатата соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Случајот е женско лице на возраст од 79 години, со присутни симптоми и пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), хоспитализирана во ГОБ 8-ми септември каде и починала.

Пријавениот случај е без историја на патување и контакт на потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Во Македонија досега поради компликации од коронавирусот починаа 98 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Уште само 21 здравствен работник во Македонија заболен од коронавирусот

13 лица од новите случаи на заразени со коронавирусот имале контакт со потврден случај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се носителите на листите на НСДП за парламентарните избори

Редакција

Петгодишно дете однесе во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во Кавадарци

Редакција

(Фото) Силјановска Давкова, првата македонска претседателка приватно

Редакција