еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Од Министерството за здравство вчера информираа дека три лица заразени од корона вирусот починале на Клиниката за инфективни болести.

Станува збор за пациент од Велес (58) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78), хоспитализиран на 11 мај.

Детали за починатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Случаите се на возраст од 57-78 години, со присутни симптоми и хоспитализирани на КИБФС.

Два од случаите имале пропратни коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Сите починати се без историја на патување и контакт со потврден случај во државата“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати поради компликации од коронавирусот во Македонија е 101.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Најмногу активни случаи на Ковид-19 во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес

Пет лица од новозаразените со коронавирусот се со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник“ на СЈО продолжува во среда

Редакција

Радев и Петков на средба со Макрон за повлекување на бугарското вето за Македонија

Редакција

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Редакција