еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Два бубрега од донорот на срце, во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

„Во моментов на Клиниката за Урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на др. Сашо Дохчев, др. Александар Трифуновски, др. Ставридис и др. Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања и секако лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа,“ информираат од Министерство за здравство.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени критериуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

(Фото) Тим од кардиохирурзи од Државна клиника, Жан Митрев и Систина ја вршеа првата трансплантацијата на срце во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови

Редакција

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

Редакција

Французите не го сакаат Балканот и Македонија во ЕУ

Редакција