еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Петти ден нема новозаболени со Ковид-19 во Велес

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Велес во изминатите 24 часа нема ново регистрирани заболени од Ковид -19, а со тоа во Велес петти ден нема регистрирано ново заболени од 21-ви мај кога беа 127, од кои денеска активни се 40.

Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес, д-р Весна Неделковска Николова денеска од Инфективното одделение на болницата е испишан еден оздравен пациент, а на ова одделение денеска има 18 пациенти, сите со позитивен тест на Ковид-19.

Неделковска Николова информира дека една жена на околу 60 години во потешка здравствена состојба од Инфективното одделение на велешката Општа болница денеска е препратена на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Од Министерството за здравство денеска информираа дека на Инфективната клиника во Скопје почина пациентка од Велес на 78 годишна возраст хоспитализирана на 14 мај.

МИА/Фото: Општина Велес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, ама има рестрикција на водата за пиење

Велешанка, тетовчанец и скопјанка починаа од корона вирусот

Убава вест: Регистрирани нови 14 оздравени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.453

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(АУДИО) Хит на социјалните мрежи: „Се ќе биде океј“, песна со Јанева и Камчев

Редакција

Ременски негира секаква поврзаност со „Рекет“, Боки 13 не го посетила во затвор

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција