Министерство за здравство информира дека од корона вирусот, починаа уште тројца пациенти.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.
Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53 години) и истиот е позитивен на Ковид-19, “ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на починати поради компликации од корона вирусот во Македонија е 122.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Нови 38 случаи на заболени од корона вирусот, од кои 24 во Скопје
Убава вест: Оздравени уште 16 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.486
Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија