еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Починатиот маж од коронавирусот во Штип имал двострано воспаление на белите дробови

Битката со коронавирусот ја загуби 86-годишен маж, кој беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип.

Тој е прв пациент кој почина на ова одделение. Претходно двајца пациенти од Штип починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се наведува дека 86-годишниот маж починал утрово во 7.30 часот. Бил болен од коронавирусна инфекција и двострано воспаление на белите дробови.

-На одделението за Инфективни болести беше примен на 26 мај, со оглед на возраста имаше и коморбидитети. И покрај преземените тераписки мерки, според протокол за лекување на тие пациенти, следеше влошување на здравствената состојба, која заврши со лош исход, стои во соопштението од Клиничка болница-Штип.

На ова одделение денеска се лекуваат вкупно 21 пациент, од кои четвторица се со повремена кислородна поддршка.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје

Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два нови случаи на заразени со Ковид -19 во Крива Паланка и еден во Кратово

Редакција

Фершпед со зголемена добивка

Редакција

На Османи не му било важно што ќе покаже истрагата за Пендиков

Редакција