еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во потешка состојба 45 пациенти заразени од корона вирусот

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест нови пациенти заразени од корона вирусот, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти, информира Министерството за здравство.

На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Чаир рекордер по бројот на активни случаи на корона вирусот меѓу скопските општини

Починаа седум лица заразени од корона вирусот

Нови 125 нови случаи со корона вирусот, најмногу 89 во Скопје

Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има само југо: Каков имот пријавил Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

Редакција

Ослободени македонските камиони кои беа запленети во Украина

Редакција

На обвинетиот Марковски ќе му се суди во раздвоена постапка за насилството во Собрание

Редакција