еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од автомат клубот „Адмирал“ демантираат дека нивен вработен нападнал член на движењето „Антикоцкање“

Жалиме што во период кога целото општество се справува со тешките последици по здравјето на граѓаните и економијата предизвикани од пандемијата со Ковид-19, движењето „Антикоцкање“ продолжува со својата негативна кампања и ширењето лажни вести, реагираат од автомат клубот „Адмирал“.

„Посоченото лице кое наводно нападнало член на движењето „Антикоцкање“ воопшто не е вработен во автомат клубот „Адмирал“. Сепак, ги охрабруваме и ги повикуваме надлежните институции до карај да ги расчистат сите околности согласно законите кои важат во нашата држава.

Конечно, бидејќи со месеци сме цел на неосновани обвинувања, обиди за дискредитација, како претставници на реномирана странска компанија, ќе побараме од дипломатската мисија на Европската Унија во Република Северна Македонија да изврши мониторинг на тоа како се третираат одредени странски инвестиции, кои вршат дејност исклучиво согласно домашните позитивни законски прописи,“ реагираат од автомат клуб „Адмирал“, членка на Групација НОВОМАТИК во Македонија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се обичаите: Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Редакција

Филипче: Вучиќ беше со многу тежок наод на белите дробови, сочувство до семејството и најблиските

Редакција

Чулев се враќа на претходното работно место во Агенцијата за разузнавање: Поминавме низ турболентен период

Редакција