еМагазин
Забава

Арктички бели волци прв пат ќе се вдомат во Зоолошката градина

За првпат скопската Зоолошка градина ќе биде дом на арктички бели волци, соопштија од Скопје ЗОО преку Фејсбук.

„Овие волци доаѓаат од зоолошките во Литванија и Германија и се редок и загрозен вид. На возраст се од околу една година и очекуваме во Скопје да пристигнат следниот месец.

Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите“, информираат од Скопје ЗОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео/фото) Фламингата кои беа во карантин во Зоолошка добија ново живеалиште, наскоро доаѓаат и пингвини

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Подготовки за Евровизија: Како звучеше Тамара на втората проба

Редакција

(Видео) Музичкото дуо Дупер со нов музички хит „Кажи ми во лице“

Редакција

Од денеска до 18 јуни Фестивал на улична храна во Скопје

Редакција