еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Брендот ТиноСки веќе можете да го најдете во нов арт простор во Дебар Маало

Профилите на Инстаграм на Валентин Петрески, или со уметничко име ТиноСки, кои изобилуваат со шаренило од бои, убави пораки, ситни изработени работи кои во текот на секојдневното лудило, забораваме за некого да ги направиме, да му ги кажеме, да го израдуваме, сега „се селат во живо“, односно во новиот арт простор во Дебар маало, на улица Благој Давков, број 14 (спроти фризерското студио Vogue).

Петрески за еМагазин вели дека ова е дефинитивно почеток на еден нов сон, а едниот е веќе исполнет.

„Веќе неколку години фантазирав и замислував како треба ова да се случи. Понекогаш немате храброст, но често пати најубавите работи се случуваат неплански и спонтано. Така и креативното студио со физички простор.

После толку време и поддршка од луѓето, мислам дека беше од заедничко задоволство да се создаде едно ново место во градот кое ќе шири поинаква енергија. Посебен предизвик е што ова се случува во ова време на глобална неизвесност, но верувам дека со искрена мисла и работа се се надминува,“ вели Петрески.

Тој додава дека креативното студио е само физичко дополнување на досегашната работа.

„Принципот на нарачки и персонализиран момент останува, со оваа плус опција за инстант подарок или подновување. Низ времето наназад, постојано имаше прашања каде се наоѓаме, ми беше тешко што морав да одговорам дека функционираме онлајн.

Сега тоа е реализирано, ова е само почеток на сите други идеи за реализација за кои требаше нов простор да се остварат. Студиото го креираме заедно со Елена Ристовска, која изработува фраерски накит и други модни додатоци и совршено се споивме со енергија и идеи кои едвај чекам да почне да се реализираат.

Може да се очекуваат новитети и супер слатки изненадувања,“ вели Тиноски, а ние му посакуваме успешна работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Дизајнот на ТиноСки предизвикува насмевки, емоции и го буди детето во нас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на горива вреден 54.000 евра

Редакција

Меѓу новозаболените со коронавирусот во Прилеп и деветгодишно дете

Редакција

Убава вест: 142 оздравени лица од Ковид-19, во Скопје 68

Редакција