Во ова село на 17 јуни 2018 грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа, пишува на мермерниот споменикот подигнат во грчкото село Писодери во северниот дел на земјата, онаму каде што пред две години имаше инциденти, додека во Псарадес тогашните премиери на Северна Македонија и Грција го ставија нивниот потпис на решението меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
На споменикот, потпишани се извесни „Македонци од Драма“, кои пишуваат дека „го кинат Договорот од Преспа“.
На задната страна на споменикот, запишани се имињата на 19 лица од Грција, Канада, Австралија и САД, кои се спонзори и финансиски помогнале за изградбата.
Според локалните медиуми, за споменикот добиле дозвола од општина Преспа.
МИА/Фото: Влада/МИА