еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно дп 20. јуни, од регистрираните смртни случаи поради компликации од корона вирусот, најголем дел се на возраст над 60 години (n=170), каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 44,4/100.000 жители.

„Регистрирани се 145 смртни случаи кај лица од машки и 94 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 193 (80,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=144), дијабет (n=66) и белодробна болест (n=44).

Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и еден смртен случај кај здравствен работник.

Дванаесет (5,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 227 (95,0%) починале за време на хоспитализација“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.

Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно вчера, бројот на починати од Ковид-19 е 247.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Кардиоваскуларна и белодробна болест, дијабет: Најчести претходни заболувања кај заразените со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

75 лица до 19 години меѓу новозаразените со корона вирусот, 20,1% на возраст од 30-39 години

Редакција

Проф.Трајковски: Како да се спречи експлозивното ширење на коронавирусот како што се случи во земји кои имаат висок процент на вакцинирани

Редакција

Битолска апелација не го пушти Нефи Усеини од притвор, засега останува во охридскиот затвор

Редакција