Триесет и четиригодишен штипјанец кој бил хоспитализиран неколку дена во Скопје, починал од корона вирусот, пишува „Слободен печат“.
Тој бил на респиратор некое време, а за овој пациент на социјалните мрежи беа упатени бројни апели за дарување крвна плазма, таа беше пронајдена, но не успеа да го спаси младиот живот.
Телевизијата Телма пак објави дека тој немал претходни заболувања и дека не е влезен во денешниот билтен за починатите.
Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Кристијан Костов за „Слободен печат“ вели дека синоќа во Ковид центарот биле донесени 18 пациенти со тешки пневмонии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на корона вирусот и пет деца
Нови 165 лица заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 71
Седум пациенти починаа од корона вирусот во изминатото деноноќие, вкупно до сега 328
Убава вест: Оздравеле 128 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 97