Во последното деноноќие во Дебар регистриран е еден новозаразен со Ковид-19, што е 20-ти случај во изминатата недела.
Од почетокот на пандемијата односно од појавата на првиот случај, на 26 февруари, досега вкупниот број на заразени е 110 лица, од кои тројца од Центар Жупа.
Битката со опасниот вирус ја добиле 48, починале четворица, а активни на болеста се 58 лица, a од нив десетина болнички се лекуваат во здравствени установи во Скопје.
Од општинскиот Оперативен штаб апелираат на строго почитување на мерките, носење заштитна маска, одржување на личната хигиена, физичка дистанца, избегнување групирања и собири.
МИА/Фото: Општина Дебар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дебар има повеќе заразени со Ковид-19 отколку во првиот бран
Шестмина новозаразени од корона вирусот во Дебар
Во Дебар четири нови случаи со корона вирусот, активни на болеста 44 лица