еМагазин
Image default
Балкан

Грција: 20 туристи од Србија позитивни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19, од кои 85 отсто, односно 36 се туристи кои влегле во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 36 позитивни случаи се од тестовите направени на граничниот премин Промахонас (Кулата) на границата со Бугарија, а 20 од нив се српски туристи.

Грчката Влада вчера соопшти дека од шест часот утрово до 15 јули 2020 година во Грција ќе биде забранет влез за државјани на Србија, врз основа на анализата на епидемиолошките податоци.

Како што утрово објави МИА, на граничниот премин Промахонас (Кулата) што воедно е и единствениот отворен за влез на туристи, голем број српски државјани уште на полноќ пристигнале, во обид да влезат во Грција пред шест часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

(ВИДЕО) Српски туристи со часови чекаа да влезат во Грција пред да се затвори границата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција згрозена: Учесник во „Big brother“ изјави дека ќе има силување ако секој ден не биде со девојка

Редакција

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

Редакција

Грција и Велика Британија разговараат за сертификатот за вакцинација

Редакција