еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Примитивен национализам, „бомби„ без јавен интерес и нереални ветувања

Деновиве пред избори речиси да нема ден без т.н. “бомби“, кои ги „пука“ кој ќе стигне. Тоа што истите немаат никаков јавен интерес, туку оцрнување на политичкиот противник за македонските политичари не е важно, па дури и се прават дека не се одовде, демек незнаат кој стои позади нив.

Овие „бомби“ се само уште еден доказ дека нашите политичари навистина немаат визија за иднината на сопствениот народ, кој и пред корона-кризата имаше еден куп нерешени сериозни проблеми.

И да, видовме и што се случи со „бомбите“ кои беа од јавен интерес и за кои се формираше Специјалното јавно обвинителство, кое веќе не постои. Речиси никој не заврши во затвор.

Политичарите не се ништо подобри и во делот на понудата. Како и на сите досегашни избори нудат нереални проекти, за кои разбирливо не ни даваат објаснување на јавноста и гласачите како ќе ги реализираат.

Едноставно се расфрлаат без никаква грижа на совест, со бројки за повисоки плати, инвестиции, вработувања… и однапред веќе имаат смислено што ќе кажат кога истите нема да ги реализираат, сигурно некој друг ќе им е виновен.

Преставниците пак на т.н. албански блок и на овие избори заборавија на економијата, што нормално најмногу ги интересира нивните гласачи, па настапуваат како и секогаш со примитивен национализам, едните бараат Албанец за премиер, другите вицепремиер, третите ќе правеле албанска влада…

Што ќе му се смени во животот на еден нивни гласач со ваквите ветувања е прашање за милион долари.

И за крај, само да ги потсетиме граѓаните, дека за дел од овие предизборни глупости плаќаме сите ние, со наши пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не ни требаат нови „бомби“, одамна знаеме кој е кој во македонската политика

ДУИ на „тапет“ на Твитер за идејата за Албанец премиер

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски Макпромет со добивка во третиот квартал

Редакција

Од 1. декември, во периодот од 13 до 15 часот, се враќа дневната евтина тарифа за струја

Редакција

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Редакција