еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Грција ја затвори границата за Србија, Црна Гора со карантин за Србите, Македонија анализира

Поради зголемениот број на случаи со Ковид-19, Грција одлучи да ја затвори границата со пријателска Србија, а тамошните власти потенцираа дека се одлучиле на ваков чекор и поради фактот дека голем број на српски туристи биле позитивни на корона вирусот, откако биле тестирани на влезот кај јужниот сосед.

И Црна Гора воведе посебни ограничувачки мерки за соседна Србија. Сите лица што од Србија ќе влезат во земјата, почнувајќи од синоќа, одат во карантин.

Македонија пак се уште размислува дали да воведе мерки за граѓаните на Србија, но и на Косово, каде исто така има драстичен раст на случаевите на Ковид-19.

„Разговараме на состанокот на Комисијата за заразни болести за зголемениот број на заразени од соседството. Чекаме уште некои информации од Центрите за јавно здравје во градовите од соседството.

Апсолутно е можно да препорачаме мерки доколку утврдиме дека ризикот од влез на овие граѓани може да го загрози нашиот здравствен систем“, изјави вчера министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој рече и дека за време на викендот немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но дека чекаат информации од повеќе центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија. Врз основа на добиените податоци, следните два дена ќе се одлучува дали ќе се преземат мреки на границите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Сите што ќе влезат од Србија во Црна Гора ќе одат во карантин

Грција: 20 туристи од Србија позитивни на Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокирани сметките на 110.205 граѓани и фирми

Редакција

Смени во Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

(Видео) Дојде време за „жив пренос“ од вакцинирање против Ковид-19: Светските лидери контра теориите на заговор

Редакција