еМагазин
Image default
Балкан

Вучиќ за протестот во Белград: Најбрутално политичко насилство во Србија во последните неколку години

Во своето ново обраќање до нацијата во последните 24 часа, по синоќешните насилни немири пред националното Собрание во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сите луѓе во Србија ноќеска биле сведоци на најбруталното политичко насилство во последните неколку години.

Според него, на политички непријавениот протест, членови на десничарските, екстремистичките и профашистичките организации го нападнаа Собранието, а повеќе часа ја напаѓаа полицијата.

– Јасно е дека собирот беше организиран, кажа Вучиќ, од криминалното подземје, но и и од странскиот фактор.

Вучиќ ги повика сите луѓе во земјата да бидат одговорни и ги замоли да не излегуваат на вакви собири, не заради нешто друго, бидејќи не им се плашел, туку заради кризата од коронавирусот, која повторно има високи бројки на заразени и умрени.

Тој, исто така, најави дека по препораки на епидемилозите, сепак, ќе има заострување на мерките, посебно во Белград, но и призна дека можеби и нема да има полициски час, од петок до понеделник, како што најави вчера.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени од протестот во Белград

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ветото од Грција за Албанија се поизвесно

Редакција

Пет „линии на одбрана“ против Ковид-19 за летување во Грција

Редакција

Ципрас: Мицотакис им должи извинување на Грците што ги измами и ги наполни со лаги, омраза и поделби за Договорот од Преспа

Редакција