Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 104 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Последниве денови се приметува драстичен пад на прекршоците, кои до пред извесно време се движеа над 400 за 24 часа.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.