еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков: Никој од моето семејство и обезбедување не стои зад нападот на Златев

Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков се огласи на Фејсбук по тврдењето на новинарот Љупчо Златев, дека бил нападнат од обезбедување на неговиот син.

Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти.Ниту некој од…

Posted by Sasho Mijalkov on Петок, 24 јули 2020

 

“Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти.

Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали.

Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски.

Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните.

Измислуваше дека тестовите за Ковид 19 кои што беа донирани биле неквалитетни, а се најдобрите во светот.

Измислуваше дека сум добивал тендери во здравство, а немам никаков допир со тој бизнис.

Вчера измисли дека сум имал стан во Охрид, а денес измисли дека моето обезбедување учествувало во физички напад и за тоа ги злоупотребува медиумите блиски до партијата.

Затоа ќе ти порачам, Христијан занимавај се со тоа што ти е работа. Три години времето го трошиш на мене, наместо да работиш на програма и понуда.

Три години го трошиш просторот во медиумите кои се критички кон власта за пласирање на лаги за мене, наместо да го искористиш за обединување на членството и жесток и конструктивен напад кон власта.

Видовме до каде те доведе тоа. Наместо сигурна победа, сега секој член на ВМРО ДПМНЕ е во исчекување дали ќе направиш Влада.

Малку време ти остана, а ти наместо да преговараш со потенцијални партнери за коалиција и да обезбедуваш меѓународна поддршка, повторно се занимаваш со мене.

Твој е изборот, но да знаеш дека и јас и останатите членови на ВМРО ДПМНЕ очекуваме да успееш да го исполниш последното ветување да составиш влада, и ќе бидам еден од првите кој што ке ти честита, но доколку не успееш тогаш очекуваме да имаш доблест и да си стоиш на зборот дека ќе си поднесеш оставка“, пишува Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинарот Љупчо Златев нападнат во ресторан, фотографијата од напаѓачот денеска ќе ја однесе во полиција

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26 од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

Редакција

Нефи Усеини не е повеќе советникот на ДУИ во Охрид

Редакција

Одземен мобилниот на Катица Јанева

Редакција