еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка оствари добивка од 11,4 милиони евра за шест месеци

Во периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената деловна политика на банката за 2020-та година, притоа од март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата Ковид-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите, соопшти банката преку Македонската берза.

„Во анализираниот период, банката оствари нето добивка во износ од 705.377.000 денари (11,4 милиони евра), што претставува намалување за 26,8% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година“, информираат од банката.

Оттаму додаваат дека инвестициите во дигитализацијата и новите технологии, подобрениот квалитет на средствата, посветеноста на сите вработени, како и постигнатите извонредни  финансиски резултати во изминатата година, во првата половина од 2020-та биле наградени од финансискиот магазин ЕМЕА на Europe Banking Awards 2019 каде НЛБ Банка АД Скопје, четврта година по ред, e избрана за Најдобра банка во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани кои не се вакцинирани со трета доза, по влез во Холандија ќе одат во карантин

Редакција

Авиокомпаниите задолжително ќе ги осигуруваат багажот и пратките

Редакција

Пад на прометот на Македонската берза во јануари

Редакција