Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти заболени од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 5 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 45 пациенти кои боледувале од корона вирусот
Починаа уште четири лица од корона вирусот, вкупно 527
Нови 85 случаи на заразени со корона вирусот од 1.188 тестирања
Фото: МЗ