еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 20 милиони

Бројот на луѓе кои се заразени со вирусот Ковид-19 во светот надмина 20 милиони и сега изнесува 20.026.161, објави интернет страницата Ворлдметерс.

Од почетокот на епидемијата починале 734.020 луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле.

Во моментов, активни се 6.391.516 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во САД, Бразил и Индија, каде има по повеќе милиони заразени, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде од појавата на вирусот се разболеле над 361.000 лица, а починале повеќе од 28.500 лица, и која е на 10-то место во светот по бројот на пациенти.

Во регионот, ситуацијата е сè уште најтешка во Романија со 61.768 пациенти и 2.700 смртни случаи, и е на 41-то место во светот, а потоа и во Србија, која е на 60-то место со 28.099 пациенти и 641 смртен случај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.259 случаи на Ковид-19 од 4.555 тестирања

Редакција

(Видео) Д-р Катерина Спасовска: Преморени сме, од срце Ве молам користете маски

Редакција

МВР распиша тендер за сообраќајни дозволи, државјанства, возачки книшки…

Редакција