Шест лица вкупно имаат позитивни тестови на Ковид-19 во тетовскиот регион, бележи Центарот за јавно здравје од Тетово на подрачјето на шесте тетовски општини.
Статистиката во епидемиолошката служба при Центарот од почетокот на пандемијата бележи вкупно 846 оздравени и на домашно лекување.
-Меѓу шестте новозаболени со коронавирусот тројца се жители на општина Тетово, додека останатите три се по еден случај во општините Јегуновце, Брвеница и Теарце, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Тетовската полиција бележи 63 нови казни за лица кои не носеле заштитни маски согласно член 6 од владината уредба за превенција од ширење на Ковид-19.
За изминатите 24 часа, 5 луѓе добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 250 луѓе со исти решенија и не биле констатирани неправилности.
МИА/Фото: МЗ