еМагазин
Image default
Бизнис

ЕЦБ за првпат овозможи Народната банка да има пристап до девизна ликвидност во евра

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија, соопшти Народната банка.

На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно.

Со тоа, ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во условите на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

„Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви.

Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем“, истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.

Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.

„Народната банка и натаму секојдневно ќе го остварува својот максимален влог за македонската економија и за нејзиното приближување кон големото европско семејство. И во текот на корона-кризата, таа продолжува по патот што води до Европскиот систем на централни банки“, соопшти НБМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Раст на прометот на Македонската берза во април, пад на бројот на трансакции

Редакција

(Фото+Видео) Три фирми за медицински канабис останаа без лиценци

Редакција