еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 65.536 денари убедливо на врвот

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во јуни 2020 година изнесувала 26.867 денари.

Во Македонија има дејности каде што просечната плата е за два пати поголема отколку државниот просек.

Први на листата на пет највисоки просечни плати се вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со исплатена просечна плата во јуни, годинава од 65.536 денари.

На второто место се финансиско-услужни дејности со исплатена просечна плата од 54.276 денари, а на третото место е дејноста производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со исплатена просечна плата од 50.557 денари.

Потоа следуваат вработените во секторот вадење на руди на метал (41.336 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување (40.784 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Просечната плата во јуни изнесувала 26.867 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Правниот клуч за меѓународната арбитража за Иловица лежи кај рударскиот гигант Групацијата „Трафигура“

Редакција

(Фото) Оперативниот Општински штаб од Дебар држеше седница со маски

Редакција

За шест месеци 121 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 524 милиони денари

Редакција