еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Градоначалникот на Штип во заминување, Благој Бочварски е кандидатот на СДСМ за нов министер за транспорт и врски.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата влада.

Какво образование има

Бочварски е роден на 9 јануари 1985 година во Штип.

Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работно искуство

Бочварски во периодот 2011–2016 година работел како архитект во приватна градежна компанија, по што бил избран за пратеник на СДСМ на парламентарните избори во 2016 година.

Политичка кариера

Според неговата биографија членува во СДСМ од 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на Извршниот одбор на партијата.

На партискиот конгрес во 2017 година е именуван за потпретседател на СДСМ и член на Централниот одбор.

На локалните избори во 2017 година, Бочварски оствари победа во вториот круг и во ноември ја презеде функцијата на градоначалник на Општина Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Несудениот новинар: Кој е Артан Груби, „првиот вицепремиер“ и министер за политички систем

Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска

Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Легализирањето на марихуаната во Германија ќе заштеди над една милијарда евра

Редакција

Цената на струјата за домаќинствата нема да се зголеми, тврди Бектеши

Редакција

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

Редакција