еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „27 април“, најавено сведочење на 15 пратеници

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието треба да продолжи денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, откако претходното рочиште одржано на 26 август заврши со презентирање на материјалните докази.

Во судницата денеска се очекува да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, на последното рочиште на 26 август беше презентиран видеозапис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го приведе лицето што утрово ѝ избега на затворската полиција пред Кривичен суд

Редакција

Осомничениот за убиството на Пинета Секондо во бегство: Потресни детали од Обвинителството

Редакција

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Редакција