еМагазин
Image default
Бизнис

Обештетувањето на депозитите од Еуростандард банка ќе биде еднократно, датумот на исплата познат во следните денови

Фондот за осигурување на депозити ги информира физичките лица-депоненти во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 30.000 евра ќе се исплаќа еднократно и ќе биде достапен за исплата од денот на почеток на исплатата на обесштетувањето.

„Поконкретно, во врска со вчерашната објава на Фондот за осигурување на депозити, појаснуваме дека секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

Но, правото на исплата на обесштетување не застарува. По истекот на овој временски период, депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките-исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување.

Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, со цел процесот на исплатата на обесштетувањето да се одвива максимално ефикасно и едноставно.

Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата,“ се вели во соопштението на Фонд за осигурување на депозити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трифун Костовски со повик кон Џафери, Заев и Пендаровски повторно ја обвинува гувернерката за пропаѓањето на „Еуростандард банка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акции, кеш, објекти, пасишта: Што се заложил Камчев за да излезе од притвор

Редакција

Косоварите низ Македонија транзитираат без ПЦР тест за Ковид-19

Редакција

Потпишан договор со “ИРД инженеринг“ за консултант и надзор за автопатите на коридорите 8 и 10-д, кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција