еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови правила за градинките: Максимум 12 деца и две негователки за групите до две годишна возраст

Владата на вчерашната седница го задолжи Министерството за труд и социјална политика да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

„Воедно, беше препорачано Министерството за труд и социјална политика да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние кои имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома.

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, да ги разгледаат можностите и доколку постои слободен неискористен простор истиот да се намени за згрижување на деца од оние детски градинки од подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.

Владата на седницата го прифати Предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена“, соопшти Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1он: По синот, во РЕК Битола вработен и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Редакција

Влада Урошевиќ: Во време кога сите сакаат да напишат современ, јас напишав старовремски роман

Редакција

Полицаец лишен од слобода, на странци им зел 20 евра

Редакција