еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Прекрасна игра на мечиња во Националниот парк Маврово

Националниот парк Маврово на својот Фејсбук-профил објави видео на кое може да се види како две мечиња уживаат играјќи си во дебелата сенка на шумите во овој крај.

Тие се потсетување на богатиот жив свет којшто опстојува во оваа македонска убавина.

Игра на мечиња #mavrovonationalpark #bear #macedonianecologicalsociety #mes

Posted by Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park on Вторник, 15 септември 2020

Имено, според податоците на веб-страницата на НП Маврово вкупниот број на досега регистрирани видови цицачи за територијата на паркот е заокружен на 50 видови, што претставува 59.5% од вкупниот број на видови регистрирани на Национално ниво (84 видови).

Помеѓу нив, особено се значајни петте (5‐те) видови на цицачи, кои се утврдени како Балкански ендемити.

Според постоечките истражувања, направени се мерења од кои се покажува дека на територијата на паркот опстојуваат голем број на големите цицачи како Кафеавата Мечка, Балканскиот Рис, Волкот и Балканската дива коза.

Фото/Видео: Фејсбук/НП Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групи средношколци во скопски Аеродром се договориле да се тепаат пред трговскиот центар Бисер

Редакција

Собранието пред распуштање, претходно пратениците треба да гласаат за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

Редакција

Алкалоид основаше две нови друштва со спортска дејност

Редакција