еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Земјите од регионот се очекува конечно да одлучат за отворање на границите следната недела, најави Филипче

Земјите од регионот следната недела се очекува конечно да одлучат за слободен премин и отворање на границите, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Иако ставот на здравствените власти беше ист и минатата недела, промената на режимот на слободно движење на граѓаните од регионот ќе има епилог на следната онлајн средба меѓу земјите од Западен Балкан, Бугарија и Грција.

Филипче во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-М, рече дека бидејќи епидемиолошката состојба е слична во целиот регион, властите на зејите од регионот најавија координативен совет за заедничко дејствување во донесувањето одлуки за борба против пандемијата. Но, претходно треба да се укине условот за ПЦР-тест за да се премине границата.

Се очекува следната недела координатор на нашето Министерство за здравство пред преставниците на другите држави да ја презентира состојбата во земјава со Ковид-19, по што на нов состанок ќе треба да се договори заедничка политика за границите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата предложи вонредна состојба од 8 дена за спроведување на изборите

Редакција

Денеска јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

(Фото) Тетово добива државен студентски дом за 300 студенти, еве како изгледа

Редакција