еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Рудникот САСА итно започна со санација на последиците од краткотрајно истекување на јаловишен материјал во локалниот речен тек, што се случи на што на 14.09.2020 и кое во краток рок беше запрено, информираат од компанијата.

„Во договор со надлежните институции на локално и државно ниво и по добивањето неопходните одобренија, во најкраток можен рок Рудник САСА ќе започне со чистење на речното корито.

Во првата фаза од чистењето ќе бидат опфатени приоритетните зони посочени од надлежните институции, а во втората фаза ќе се пристапи и кон чистење на преостанатиот дел од речното корито за што компанијата подготвува план и соодветна документација.

Целата операција ќе се одвива во соработка и координација со локалната заедница и општината Македонска Каменица.

Дополнително, рудник САСА ќе изврши темелна анализа, врз основа на што компанијата ќе ги преземе сите неопходни дополнителни активности кои треба да обезбедат долгорочна заштита на животната средина, биодиверзитетот и здравјето на луѓето.

Паралелно со ова, Рудникот САСА, раководејќи се според најдобрите достапни светски технологии и стандарди во оваа област, ќе ги направи сите потребни инженерски прилагодувања со цел да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори. За таа цел веќе се ангажирани и глобалните консултанти од компанијата „Најт Пиезолд“ кои исто така ќе помогнат во овој процес.

Во реализација на сите овие мерки и активности, Рудникот САСА и понатаму интензивно ќе соработува со сите надлежни институции на локално и државно ниво, како и со претставници од академската, научната заедница и граѓанскиот сектор, со цел да се обезбеди натамошен одржлив развој на рудникот во согласност со највисоките стандарди“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција

Во Карпош интензивирани контроли за спречување на загадувањето

Редакција

Лошиот квалитет на воздухот во земјите од Западен Балкан предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи

Редакција