еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Претседателот Пендаровски и сопругата секогаш елегантни: Елизабета блесна на „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска блеснаа на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. И двајцата важат за двојка која ги почитува протоколите за изглед.

Ѓоргиевска Пендаровска пак позната е по соработката со македонските дизајнери и секогаш внимава на стилот. Дизајнерки со кои најчесто соработува се Лидија Георгиева и Тања Кокев.

„Во деновите поминати во изолација штитејќи се од вирусот Ковид-19, филмовите ни даваа ведрина, ни даваа смисла на нашето потполно изменето секојдневие. Иако годинава го нема препознатливиот гламур и филмските проекции на платно, пред полна сала публика, драго ми е што Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја продолжува својата традиција и живее во скратена и во изменета форма.

Му честитам на американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински којшто годинава ја доби наградата „Златна камера 300“ за животно дело.

Искрени честитки и за наградениот режисер и сценарист Столе Попов, добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. Се надевам дека „Браќа Манаки“ и натаму ќе биде еден од најзначајните културни настани, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност,“ напиша Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници, годинава му припадна на една од најистакнатите личности на македонската кинематографија, режисерот Столе Попов. Наградата свечено му ја врачи претседателот на ДФРМ, Игор Иванов, кој истакна дека во филмската уметност повеќе од која било друга националниот предзнак е исклучително важен.

Заблагодарувајќи се за наградата Попов рече дека секоја награда со годините може да се релативизира, но сепак има два типа на признанија кон кои не може да биде индифирентен и ги прима со голема радост, а тоа се наградите од публиката и од колегите.

„Секој што се занимава со филм знае за тешкиот и макотрпен пат да се дојде до филм, тоа се илјадници помали и поголеми битки, од најтешката битка со самиот себе си за да се оствари визијата која ја носите во себе и на најсугестибилен начин да ги придобиете соработниците со кои работите за да од практично ништо направите нешто што публиката ќе го засака и ќе го гледа и тоа нема да се изгуби со текот на времето.

Моите филмови главно се занимаваат со вечната тема во кинематографијата, тоа е пред се’ слободата и љубовта. Нема ништо поиманентно за слободата од идентитетот на човекот, неговиот јазик, неговата култура, неговата духовност и духовноста на средината во којашто живее.

Би сакал да скренам внимание на луѓето кои се занимаваат со политика да не забораваат и да не ги занемаруваат тие фундаментални вредности на светската кинематографија и демократија, кои се’ почесто се занемаруваат и губат. Да имаат една работа на ум дека со сила и на сила убавина нема”, рече Попов.

Фото: Фејсбук/Ѓоргиевска Пендаровска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најсмртоносниот ден во Италија: За 24 часа починаа дури 627 лица

Редакција

Ќе се зголеми достапноста на лекот „Ocrevus“ за забавувaње на развојот на мултипла склероза

Редакција

Искористени само половина од „ваучерите за туризам“: Државна ревизија утврди низок степен на реализација на мерките во туризмот за време на пандемијата

Редакција