еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

23-годишен светиниколчанец починал од Ковид-19, имал претходни заболувања

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски информираше дека 23-годишно момче од Свети Николе починало како последици од компликации со корона вирусот.

Момчето, според информациите од Инфективна клиника имало коморбидитети, висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна телесна тежина.

Градоначалникот додаде дека оваа информација треба да загрижи и затоа треба да се почитуваат мерките за заштита.

Според бројките на Центарот за јавно здравје од Велес, во последните десетина дена има 31 новоинфицирани.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 305 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Хрватскиот државен обвинител поднесе оставка бидејќи бил масон

Редакција

978 нови случаи на Ковид-19 од 2.667 тестирања, најмногу во Скопје 392

Редакција