еМагазин
Image default
Локално

МВР изрече 266 сообраќајни санкции вчера во Скопје, од нив 20 за мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од МВР.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 102 прекршоци, нерегистрирани возила 9, 20 санкционирани мотоциклисти, 87 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со пајак, а изречени се и 18 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за шоферот кој возеше 13 мигранти во „Опел Астра“

Редакција

(Фото) ЈП „Паркови и зеленило“: Толку ли не си го сакаме својот град, што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво

Редакција

Ја каснало кучето на соседот

Редакција