еМагазин
Македонија

Само Кратово без активни на Ковид-19, најмногу во Скопје 684

Кратово е единствениот град во земјава во кој нема активни случаи на Ковид – 19. На дното на листата се и Демир Хисар со двајца и Крушево и Пехчево со по тројца активни.

Најмногу и натаму има во Скопје 684, по што следуваат Куманово со 182, Тетово – 174, Струмица – 150, Кочани – 149, Прилеп – 128 и Гостивар – 108.

Во другите градови се бројат под 100 случаи. Во моментов вкупниот бројот на активни на Ковид-19 во земјата изнесува 2.323.

Во болниците се лекуваат 338 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во претходното деноноќие направени се 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 новозаболени. Оздравени се 69 лица, а тројца починале.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, оздравени се 1.4581, а битката со коронавирусот ја загубиле 725. Направени се вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбеден бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје

Редакција

Дојави за бомби и во училишта во Скопје

Редакција

30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани

Редакција