еМагазин
Image default
Локално

Жена се породила во такси возило пред велешката болница

Утрово пред 7 часот, жена се породила во такси возило, во дворот на велешката болница. Сведоци на настанот биле вработените кои доаѓале на работа, кои први притрчале да и помогнат да се породи.

Д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес информира дека роденото машко бебе и мајкатa се во добра здравствена состојба. Мајката и бебето се сместени во Акушерското одделение на болницата.

„На жената која се пораѓала во такси возилото веднаш на помош и притрчала медицинска сестра од Детско одделение која оддела на работа, а потоа дошле и две сестри од Акушерското одделение кои и помогнале да се породи.

Родилката на која ова и е второ породување роди машко бебе долго 50 сантиметри и тешко 3,2 кг. И мајката и бебето се во добра состојба и се сместени во Акушерското одделение при велешката Општа болница“, информира д-р Неделковска Николова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За користење бесплатен јавен градски превоз, неопходно е возрасните лица да поседуваат „Скопска“

Редакција

Планинар од Скопје почина на Пелистер, кај месноста „Ловечка куќа“

Редакција

Скопјанка физички нападната поради недоразбирање во сообраќајот

Редакција