еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Веро подготви подароци за првачињата на своите вработени

Вработените во Веро кои се родители на првачиња денеска, 1 октомври, имаат слободен ден од работа за да може да бидат со своите деца на првиот ден од учебната година.

Менаџментот на Веро ги ослободи сите родители на првачиња од работните обврски, без оглед дали децата ќе посетуваат настава со физичко присуство или настава од далечина (онлајн настава) и ќе им овозможи да ги придружуваат на првиот училиштен ден.

Освен тоа, компанијата подготви и симболични подароци за првачињата на своите вработени, со цел да ги израдува децата и да им помогне на родителите да го комплетираат потребниот прибор.

– Иако оваа учебна година е невообичаена по многу нешта, првиот училишен ден секогаш е возбудлив и многу значаен за првачињата, но и за нивните родители. Како компанија која се грижи за своите вработени, сакаме да им овозможиме овој значаен ден да го поминат со своите деца, да ги однесат на првиот час или заеднички да го проследат од дома, пружајќи им ја потребната поддршка. Спомените од првиот училишен ден се незаменливи и бесценети, а нашите вработени, на наше огромно задоволство, ќе ги создадат заедно со своите дечиња – велат од менаџментот на Веро.

Слободниот ден за родителите на првачињата е само дел од континуираната поддршка што ја добиваат вработените во оваа компанија во текот на целата година. Грижата за вработените е нераскинлив дел од корпоративната култура на компанијата која е на македонскиот пазар повеќе од 20 години.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Градоначалникот на Крива Паланка ја донираше годишната плата за детско игралиште

Редакција

„Клубот на Амбасадори” на Македонија2025 донира 538.000 денари за реновирање на простории на детскиот оддел во болницата „Свети Еразмо“

Редакција

„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

Редакција