еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Нобеловата награда за мир за 2020. ја доби Агенцијата за храна и лекови на ОН

Агенцијата за храна и лекови на Обединетите нации (СФП) (Светска програма за храна) ја доби годинешната Нобелова награда за мир поради глобалната борба против гладот, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

Наградата од 1,1 милион долари ќе му биде доделена на претставник на лауреатот на свеченост на 10. декември во Осло.

Во трката за оваа престижна награда годинава имаше 318 кандидати, од кои 211 индивидуалци и 107 организации.

-Ова е момент на гордост за Светската програма за храна (СФП), изјави Томсон Фири, портпарол на агенцијата на ОН, откако организацијата беше прогласена за добитник на Нобеловата награда за мир во 2020 година.

„Оваа година ние ги надминавме повиците да одговориме на обврските“, бидејќи СФП ја одржуваше меѓународната помош и покрај пандемиските карантини и транспорни блокади, изјави Фири на брифинг со новинарите во Женева, пренесе ДПА.

МИА/Фото: УНИЦЕФ/Peter Martell

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Системот на ФЗО хакиран со „ransomware“, хакерите бараат откуп за да го “ослободат“

Редакција

Сашо Петрушевски нов државен секретар во МВР

Редакција

Пандемијата со Ковид-19 може да трае уште 7 години, ако богатите земји не ги поделат вакцините

Редакција