еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски Телеком склучи договор со Маѓар Телеком, вреден 600 илјади евра

Согласно член 460-г од Законот за трговските друштва, Македонски Телеком АД – Скопје (во понатамошниот текст: “Македонски Телеком” или “Друштвото”) известува дека со Одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком донесена на редовниот состанок на 10 јуни 2020 година одобрено е склучување на Договор за услуги за меѓународен IP Peering и глобален транзит со Маѓар Телеком, како зделка со заинтересирана страна со оглед дека Маѓар Телеком е единствен акционер на Каменимост Комуникации АД, акционер кој поседува 56,67% акции со право на глас во Македонски Телеком, информира компанијата преку Македонската берза.

„Овој договор е склучен, на ден 09.10.2020 година со цел да им овозможи меѓународно IP поврзување на сите свои корисници на широкопојасен интернет.

Вредноста на договор е 600.000 евра, а неговата реализација и соодветните исплати од страна на Македонски Телеком кон Маѓар Телеком ќе се вршат до 1 јули 2022 година“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтини, а дизелот поскап за половина денар

Редакција

Современ дом ја зголеми добивката за 122 отсто

Редакција

Велешки Димко Митрев ќе дели дивиденда од 10,60 денари бруто по акција

Редакција