еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зголемување од 86,5%: За една недела 2.243 нови случаи на Ковид-19 од 33 градови

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 5 до 11. октомври 2020 година тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.

„Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000.

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.

Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале во странство

24 од новопочинатите од Ковид-19 се со претходни заболувања

За една недела 185 лица до 19 години во Македонија заразени со Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германката Урсула вон дер Лејен на местото на Јункер

Редакција

Платформата за родова еднаквост бара од Силјановска Давкова 50% застапеност на жените на позициите на моќ

Редакција

(Видео) Ламбе Алабаковски со „Оган да го гори“, прва песна од проектот „Македонијо во срце те носиме“

Редакција