еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Чистите раце спасуваат живот

„Хигиена на раце за сите“ е мотото на овогодинешниот Глобален ден на хигиена на раце. Секој 15 октомври е посветен на подигнување на свесноста и потенцирање на важноста на миењето раце со вода и сапун како лесен, ефикасен и прифатлив начин на превенција од заболувања и со тоа спасување живот.

Оваа година тој е особено важен, бидејќи една од задолжителните мерки препорачана од Светската здаравствена организација за спечување на актуелниот Корона вирус е токму тоа, редовно и темелно миење на рацете со вода и сапун.

Само да потсетиме дека најчестиот начин на пренесување на микроорганизмите се токму рацете на човекот. А овој едноставен чекор – миењето раце,  е ефективен метод за спречување на пренесување на дијареални болести, респираторни, кожни инфекции, инфекции на очи, како и цревни глисти.

Оваа година миењето раце ја добива вистинската вредност за сите нас. Пандемијата со корона вирусот потврди дека прва мерка во превенција на пренос на заразни болести е токму хигиената на рацете.

Статистиката кажува дека:

-секоја година 4 милиони деца до 5 годишна возраст умираат заради цревни заболувања или пневмонија во земјите во развој,  што значи секои 15 секунди умира дете од овие болести

-пневмонијата е водечка причина за смртност во таа возраст, и со спроведување на соодветно миење раце инциденцата може да се намали за 25%

-дијареални болести се втора водечка причина за смртност  во таа возраст. Спроведување на адекватно и во вистинско време миење на раце со сапун и вода ја намалува инциденцата на дијареални болести на половина

Проблемот на недоволна пракса на миење раце со вода и сапун е присутен не е само во земјите во развој, туку и во високо развиените земји. Затоа насекаде во светот секоја година на 15-ти Октомври, се одбележува Global Hand Washing Day, со нов слоган и на креативен начин се потенцира важноста на миењето раце со вода и сапун. Целта на овие кампањи е да се потикне културата за миење раце на глобално и локално ниво и да се претстави бенефитот од истата.

Сите ние подеднакво сме во ризик за добивање на корона вирус инфекција и токму затоа мотото на кампањата за миење раце оваа години гласи – “Хигиена на раце за сите”.

Миењето раце е секојдневна рутина, континуирана пракса  и треба да се прави на соодветен начин, доволно долго  и во вистинско време. Кога ова е особено важно?

-Пред, за време на и по подготвување на храна

-Пред јадење

-По користење тоалет

-По кивање, кашлање или допирање на носот

-По контакт со животни или нивен измет

-По контакт со отпадоци

-По промена на хигиенски пелени

-Пред и по контакт со болен или повреден човек

-Пред и по посета на болнички оддел

Во болнички услови иако хигиената на раце подразбира  миење раце со вода и сапун и дезинфекција на раце, овие две постапки не треба да се поистоветуваат. Инфекциите се сериозен проблем во здравствените установи:

-Секоја година 2 милиони пациенти добиваат болничка инфекција

-90 000 од нив умираат од здобиената инфекција во болница

Ние точно знаеме кога е потребно користење вода и сапун, а кога од алкохолен дезинфициенс.  Рутински практикувана е хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс, но миењето со вода и сапун е незаменливо кога рацете се видливо нечисти или контаминирани (во случај кога сме дошле во контакт со телесни течности). Миењето раце е избор и кога се манипулира со пациенти кои имаат спорогени бактерии како што е случај со Clostridium difficile. Во останатите ситуации хигиена на раце со алкохолен дезинфициенс е оправдана по ефикасност, потребно време и достапност.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБАЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Редакција

Кривичен повторно го испрати предметот „Титаник 2“ до Апелација

Редакција

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Крушопек

Редакција