еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Лекарска комора: Да не се злоупотребува трагедијата на д-р Нешковски

Лекарска комора реагира на пишувањата по социјалните мрежи околу смртта на д-р Трајче Нешковски по собраќајката која се случила откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.

„Сметаме дека до добивање на извештаите од истрагата и обдукцијата на докторот е некоректно да се истапува со вакви постови за докторот кој во изминатите месеци пожртвувано работеше во ковид центрите низ Републиката.

Да не заборавиме дека тој самопрегорно и пожртвувано се бореше за животите на нашите граѓани кои беа инфицирани од Ковид-19 во текот на специјализацијата која ја извршуваше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија Скопје.

Партиската определба е лична работа на секој поединец и сметаме дека вакви трагедии не треба да се злоупотребуваат во партиски цели.

Токму затоа апелираме до медиумите да се оградат до добивање на официјалните информации од надлежните служби на МВР и Судска медицина и воздржат од понатамошни коментари за трагедијата во која загина нашиот колега,“ се вели во соопштението на Лекарска комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР објави детали за сообраќајната несреќа во која загина лекарот Трајче Нешковски

Почина младиот доктор Трајче Нешковски и активист на СДСМ: Неофицијално му се слошило пред да причини сообраќајна несреќа на Рузвелтова

Фото: Фејсбук/Нешковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски: Ниту една вакцина не предизвикува болест, само се намамува имунолошкиот систем да реагира

Редакција

Интервјуто со Латас, кое предизвика бура во јавноста тргнато од Јутјуб

Редакција

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција