еМагазин
Image default
Да помогнеме

Пунктови каде што можете да донирате храна и средства за хигиена за сиромашните и бездомниците

Здружението „Љубезност“ информираа дека во текот на месец октомври на осум локации во Скопје ќе бидат реализирани сезонски собирни пунктови на храна и хигиенски средства. Четири од нив ќе бидат во соработка со Општина Гази Баба, додека останатите ќе бидат во самостојна организација.

Од нив четири веќе се реализирани, а доколку не сте донирале тоа може да го сторите на:

Среда, 21.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч.

ДИМ маркет Стајковци

ДИМ маркет Железара

ТИНЕКС – Бриколаж

КИТ-ГО -Автокоманда

Четврток, 22.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч.

ТИНЕКС (Драмски)

Среда, 28.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч.

ДИМ маркет Стајковци

ДИМ маркет Железара

ТИНЕКС – Бриколаж

КИТ-ГО -Автокоманда

Четврток, 29.10.2020 г. 10:00 – 17:00 ч.

ТИНЕКС (близу City Mall).

Граѓаните ќе можат да ги посетат пунктовите во термините кои се објавени и при тоа да донираат храна и хигиенски средства. На пунктовите ќе се применуваат сите препораки за носење на заштитна опрема и одржување на дистанца.

Овие донации се потребни за да здружението „Љубезност“ ги покрие потребите на корисниците кои ги посетува (бездомниците и сиромашните) во текот на зимата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можеме да собереме 1.500 евра, и да ѝ помогнеме на Меланија да оперира страбизам

Редакција

Пејачот Ѓоко Јовиќ на свирка со неговиот бенд собраа близу 1.000 евра за лекување на Симона Николова

Редакција

Дедо изгубил внук, детето е во Полициска станица во Прилеп се бараат родителите

Редакција