еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Игор Дурловски го напушта Собранието: „Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма е поважна од моралот“

Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат, напиша на својот Фејсбук профил Игор Дурловски.

„Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам, а ќе продолжам да го правам!

Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.

Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба“, напиша Дурловски.

Фото: Фејсбук/Дурловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велики Петок: Денот кога се слават страшните страдања на Господ

Редакција

ЗК Пелагонија го платил долгот кон штипски Бетон, нема да има стејчна постапка

Редакција

(Видео) Адвокатката Фрчкоска најави дека денеска ќе побара укинување на притворот на Јанева

Редакција